Минусот во трговската размена со странство за еден месец се продлабочи за уште 154 милиони долари, при што за периодот од јануари до јули достигна 1,6 милијарда долари. И покрај црвеното салдо, обемот на тргување со другите земји се зголемува. Според најновите податоци што вчера ги објави Државниот завод за статистика, стоковната размена со странство во првите седум месеци од годинава е поголема за 9,5 отсто од истиот период лани. Од јануари до јули биле извезени стоки вредни 1,7 милијарда долари, додека увозот во овој период вредел 2,9 милијарди. Притоа, покриеноста на увозот со извоз била 59,9 отсто. Статистичките податоци покажуваат дека трговската размена се подобрила како резултат на зголемениот извоз на железо, челик, фероникел, облека и на преработките од нафта.
Минусот во трговската размена со странство за еден месец се продлабочи за уште 154 милиони долари, при што за периодот од јануари до јули достигна 1,6 милијарда долари.
И покрај црвеното салдо, обемот на тргување со другите земји се зголемува.
Според најновите податоци што вчера ги објави Државниот завод за статистика, стоковната размена со странство во првите седум месеци од годинава е поголема за 9,5 отсто од истиот период лани. Од јануари до јули биле извезени стоки вредни 1,7 милијарда долари, додека увозот во овој период вредел 2,9 милијарди. Притоа, покриеноста на увозот со извоз била 59,9 отсто.
Статистичките податоци покажуваат дека трговската размена се подобрила како резултат на зголемениот извоз на железо, челик, фероникел, облека и на преработките од нафта. Цените на овие метали на светските берзи драстично се зголемија во изминатите неколку месеци, што поволно влијаеше врз македонските извозни резултати. Во увозот и натаму доминираат нафтата, моторните возила и електричната енергија.
Експертите предупредуваат дека продлабочувањето на трговскиот дефицит е една од најголемите закани за стабилноста на домашната економија. Тенденцијата на продлабочување на трговскиот дефицит се заканува да ги уништи домашните фирми што се главно извозно ориентирани.